Балкан

„Елефтеротипија“: 6,3 милиони Грци се на прагот на сиромаштија

„Елефтеротипија“: 6,3 милиони Грци се на прагот на сиромаштија

Според извештајот на Бирото за буџет на грчкиот Парламент 6,3  милиони Грци се наоѓаат на прагот на сиромаштија, пишува МИА.

Kaко што објави весникот „Елефтеротипија“, во извештајот се посочува дека 2,5 милиони Грци живеат со пари што се помалку од границата на сиромаштија, а 3,8 милиони се пред опасноста да западнат во сиромаштија заради недостиг од материјални средства и невработеност.

Грција е единствената земја од ЕУ без гарантирана минимална плата и според показателот за опасност од сиромаштија, државата е префрлена во групата на членки на ЕУ со најголема сиромаштија.

Во моментов во 13 грчки општини почнува пилот програма за гарантирна минимална плата, што опфаќа илјадници семејства кои живеат на прагот на сиромаштија и од овој месец ќе добиваат минимален гарантиран доход во форма на месечна помош од 400 евра.

Од следната година програмата ќе се применува во цела Грција.