Електронска фактура меѓу аптеките и ФЗОМ

Се воведува електронска фактура или поврзување меѓу аптеките и Фондот за здравствено осигурување, пред се’ за да се избегнат нервозите од минатотот кои беа на товар на аптеките, најави директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева Змејкова.

Овој проект, како што налгаси таа, произлегол од аптеките и тоа го воведуваат и кај сите здравствени установи со кои Фондот има договор.

„Порано аптеките ни ја доставуваа фактурата, а ние, со нашите системски проверки констатиравме голем број грешки коа автоматски беа отстранувани и не беа плаќани од Фондот. За тоа да не биде на штета на аптеките, Фондот воведе електронска фактура која аптеките во текот на месецот си ја потполнуваат постоајно на нашиот веб портал“, рече Парнарџиева Змејковска, која истакна дека има период од 15-тина дена кога, како што рече, аптеките при внесување на податоците за искористеност на рецептите добиваат аларм што е погрешно.

Конечно ги елиминираме тие пропусти, потенцираше таа,  кои беа на товар на аптеките заради некои други пропусти, кај матичен лекар за издавање лек, кај осигуреникот кој во тој момент немал здравствено осигурување или други грешки.