Електронска регистрација на мигранти од 5. август

Електронска регистрација на мигранти при влез во земјата ќе се врши од 5. август, информираа од пограничната полиција во Гевгелија.

Интензивно се работи на подготовка на софтверот за електронска регистрација на мигранти, којшто ќе овозможи да се забрза процесот за издавање потврди за барање за азил и 72-часовен престој на територијата на Република Македонија, соопшти командирот на пограничната полиција Митко Илиев.

Според него со електронска регистрација на мигранти ќе се скрати времето за престој на бегалците во Гевгелија и ќе забрза нивниот транспорт кон Куманово и Табановце на македонско – српската граница.

Електронска регистрација на мигранти за добивање потврди за азил ќе се врши во специјалниот прифатен пункт за бегалците, кој со средства од УНХЦР се гради на локација одобрена од општина Гевгелија, што се наоѓа до зградата на пограничната полиција, во просторот на железничката станица во Гевгелија.

Во близина на пунктот ќе бидат одредени и времени паркиралишта за такси возилата со кои бегалците се превезуваат до Табановце.

 

70 отсто од мигрантите ја користат Балканската копнена рута

Поголем број мигранти, процентуално околу 70 отсто ја користат балканскат рута својот пат кон земјите од ЕУ. Тие по копнен пат низ земјите од западен Балкан патуваат кон западните земји, кои се нивна последна дестинација.

kale-migrantiЕУ ја препознала „балкансата рута“ како главен канал за прилив на илегални имигранти, па затоа во септември во Будимпешта ќе се одржи конференција на највисоко ниво на која треба да бидат утврдени јасни механизми за финансика поддршка на земјите од регионот, вели српската министерка за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ.

Таа додава дека Србија досега за справување со проблемот со илегалната имиграција од претпристапните фондови на ЕУ добила околу 2,5 милиони евра за потребите на Центарот за прифаќање на имигранти во Прешево и шест милиони евра за реадмисија на лицата кои се враќаат во Србија.

ЕУ на Србија и одобрила и дополнителни „околу 2,5 до три милиони евра“ за зајакнување на контролата на нејзините граници, со цел да се спречи приливот на имигранти, смета таа.

Медитеранот масовна гробница на мигранти

Повеќе од 36.000 мигранти од земји во кои дивеат војни како Сирија и Еритреја, минале низ смртоносно патување преку Медитеранот, кој за нив станува масовна гробница, за да стигнат до Европа, објавува американската „Vice News“, пренесува Нетпрес.

Мигрантите се качуваат на чамци и бродови најчесто во Либија, а потоа тргнуваат на смртоносно патување до Грција, Италија и Шпанија. Ова го прави Медитеранот масовна гробница за мигрантите.

Претпоставките се дека досега најмалку 1.800 лица починале, во последниве четири месеци. Само на 15 мај загинале околу 400 мигранти, кога нивниот мал брод, со кој тргнале на своето патување преку Медитеранот до Европа, се превртел во близина на брегот на Либија. Само пет дена подоцна брод кој превезувал 900 мигранти се превртел во близина на јужниот дел на италијанскиот остров Лампедуза. Истиот ден имало уште две несреќи на бродови кои превезувале мигранти.

 

 

Македонија е транзит земја за мигрантите кои секојдневно во огромен број се обидуваат да влезат во земјава.