Електронски билет во приватните автобуси од 1 јануари 2017 година

Градската власт го одложи почетокот на интегрираната електронска наплата на возни билети во јавниот градски превоз.

По барање на приватните автобуски превозници, градскиот совет одлучи електронската наплата за превозниците од „Макекпрес“ и „Слобода превоз“ да важи од 1 јануари 2017 година.

За разлика од нив, ЈСП-Скопје од 1 септември годинава целосно ќе ги укине хартиените билети. Патувањето со автобус кај нив ќе се наплатува со електронската картичка „Скопска“, преку мобилен телефон или со купување на билет кај возачите на ЈСП, пишува Билд.

„Причината за одложување на интегрираната наплата меѓу ЈСП и приватните превозници се неодамнешните поплави во Скопје, кои довеле до оштетување на 45 автобуси на приватните превозници. До 1 јануари ќе треба сите превозни средства да бидат доведени во состојба за наплата на билети единствено со електронска картичка. Кај приватните превозници дотогаш еден билет ќе продолжи да се наплаќа 25 денари, пишува Билд.