недела, 4 декември 2016  |  Вести денес: 35

Електронски билети од мај и во приватните автобуси

Електронските билети ќе важат и кај приватниците и во ЈСП, а ќе можат да се купат во билетарниците на ЈСП, но и во 36 маалски продавнички, специјално обележани дека продаваат билети за јавен превоз.

Електронски билети од мај и во приватните автобуси

Електронски билети од мај и во приватните автобуси

Последни вести

Во приватните автобуси за јавен превоз во тек е поставувањето на новиот систем за наплата со електронски картички. Се монтираат валидатори за електронски картички, фискални апарати, контролни единици исти како оние кои се веќе монтирани во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје”.

Електронскиот систем за наплата во автобусите на јавен превоз, според првичните најави, требаше да биде воведен од први јануари годинава и кај приватниците. Бидејќи до први јануари годинава новиот систем не можеше да биде инсталиран и кај приватниците, стартот на електронската наплата кај нив градските власти го поместија за 1 мај.

Од Градот велат дека овој пат рокот ќе биде испочитуван и од мај во сите автобуси од јавниот превоз билетите ќе бидат електронски.

Електронските билети ќе важат и кај приватниците и во ЈСП, а ќе можат да се купат во билетарниците на ЈСП, но и во 36 маалски продавнички, специјално обележани дека продаваат билети за јавен превоз. Новиот систем за наплата веќе е поставен во 377 автобуси на ЈСП.

Најчитани вести