Електронски обуки за администрацијата во Делчево

Реформите во јавната администрација и нивното спроведување од наредната година согласно новите закони и реализацијата  на обуки за вработените, беа тема на денешната средба на министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и градоначалникот на Делчево Дарко Шехтански. 

Ивановски при посетата на Делчево истакнал дека како Министерство задолжено за реформа на администрацијата понудиле да направат електронски достапни обуки за вработените во администрацијата во Делчево, за да бидат подготвени  за стапувањето во сила на законите.

– Електронските обуки кои се достапни преку  веб страница, опфаќаат голем број аспекти, како на пример : финансиско работење, менаџирање со проекти, човечки ресурси и по потреба на некои институции се прават специфични обуки. Ќе настојуваме сите нив да ги направиме достапни за администрацијата во Делчево, со цел вработените да можат во нивното слободно време или во време кога на работа не се толку активни со своите ангажмани да ги следат овие обуки,  изјави министерот Ивановски.

Тој истакна дека таква обука за вработените во администрацијата во Делчево ќе биде спроведена до крајот на годината, потенцирајќи дека оние кои поседуваат компјутери или паметен мобилен телефон ќе можат да ги користат овие модерни алатки за нивно усовршување, со чија помош ќе можат навремено да нудат ефикасни услуѓи кон граганите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.