Електронски прашалник за климатски промени

Министерството за животна средина и просторно планирање и програмата за развој на Обединетите нации организираат електронско испитување на јавното мислење во рамките на проектот „Прв двогодишен ревидиран извештај за климатски промени“, пренесе МИА.

Граѓаните ќе може да одговорат на прашалникот поставен на веб страницата http://unfccc.org.mk/Default.aspx?LCID=289.

Истражувањето, како што соопшти ресорното Министерство, ќе помогне да се согледа перцепцијата и ставовите на јавноста кон климатските промени и да се разбере колку јавноста е информирана за ова прашање. Насочено е кон граѓаните и државните институции, но ќе се добијат и пошироки сознанија за меѓусебната информираност на локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и меѓународните институции.

– Резултатите од истражувањето ќе ни помогнат подобро да ги осмислиме и да ги комуницираме идните активности поврзани со климатските промени, со крајна цел да се подобрат политиките за климатските промени во државата, соопшти Министерството за животна средина.

Крајните резултати од истражувањето ќе бидат објавени на интернет страницата http://www.klimatskipromeni.mk/.