Електронските цигари се поштетни од обичните?!

Електронските цигари се рекламираат како поздрави од „обичните“, но неодамнешно истражување сугерира дека луѓето кои ги користат вдишуваат многу поопасни хемикалии.

Луѓето кои пушат електронски цигари може вдишуваат поголема концентрација на никотин и други токсини отколку што претходно се мислеше, велат американските истражувачи.

Научниците од Универзитетот во Њујорк откриле дека поради „зачестено пушење“ и „длавоко вдишување“ пушачите на електронските цигари внесуваат поголемо ниво на опасни хемикалии, отколку од оние кои уживаат во обичните цигари.

На почетокот е-цигарите се промовираа како здрава алтернатива на тутунските производи, наменети за луѓе зависни од никотин.

Меѓутоа, со време се повеќе луѓе кои никогаш не пушеле обични цигари почнале да купуваат електронски.

Доктор Дипак Саксена, професор по краниофацијална биологија вели:

„Ова е жешка тема, бидејќи неодаменшно истражување спроведено на осум американски универзитети покажа дека 12 отсто од конзументите на е-цигари, никогаш не пушеле традиционални.“

Е-цигарите функционираат така што се загрева течен никотин и го претвораат во пареа која што пушачите ја вдишуваат и издишуваат.

Во секој кертриџ на е-цигарите се наоѓаат околу 200 до 400 „димови“ што е еквилалент на три кутии цигари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.