четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 12

Електронските услуги на ФЗОМ ги искористиле 6.753 осигуреници

Меѓу најкористените електронски услуги се и: барање за БПО, услуга која ја искористиле 762 осигуреници, извештаи за спреченост при работа – 514 осигуреници и предлог за оцена на привремена спреченост за работа – 403 осигуреници.

fzom

Последни вести

Електронските услуги на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) досега ги искористиле 6.753 осигуреници, овластени лица и здравствени работници, кои поднеле барање од своите домови или работни места по електронски пат за остварување на одредено право.

Од ФЗОМ соопштија дека најкористена електронска услуга на Фондот е заверка на ортопедски помагала. Услугата ја искористиле 5.074 осигуреници кои поднеле документи преку матичните лекари и лекарите специјалисти по електронски пат. Меѓу најкористените електронски услуги се и: барање за БПО, услуга која ја искористиле 762 осигуреници, извештаи за спреченост при работа – 514 осигуреници и предлог за оцена на привремена спреченост за работа – 403 осигуреници.

Придобивките од електронските услуги, како што наведуваат од ФЗОМ, се бројни и за осигурениците и за фирмите и за здравствените работници, при што нема трошење на време и финансиски средства за да се оди до подрачната служба на Фондот. Можноста за увид во сопствениот предмет, дали тој е позитивно или негативно решен и кога ќе биде извршена исплатата доколку се работи за рефундација на средства е исто така една од бројните придобивки од електронските услуги, посочуваат од Фондот.

За поедноставно и точно информирање кои се потребните чекори и како да се користи електронската услуга, Фондот изготви видео туторијали, кои се краток и едноставен водич како чекор по чекор да се користат електронските услуги на Фондот. Видео туторијалите се објавени на веб страницата на Фондот.

Најчитани вести