сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 19

Електронските услуги на ФЗОМ ги користат над 29.000 осигуреници

Од воведувањето на електронските услуги во ФЗОМ, осигуреници, овластени лица и здравствени работници ги искористиле овие електронски услуги и поднеле барање од своите домови или работни места по електронски пат за остварување на одредено право.

услуги

Поврзани вести

Заверка на ортопедски помагала24.404
Барање за БПО1.289
Извештаи за спреченост при работа1.764
Предлог за оцена на привремена спреченост за работа1.607

 

Најкористена електронска услуга е за заверка на ортопедски помагала, која 29,064 осигуреници ја искористеле и поднеле документи преку матичните лекари и лекарите специјалисти по електронски пат. Придобивките од електронските услуги кои ги воведе Фондот за здравствено осигурување се бројни и за осигурениците и за фирмите и за здравствените работници, при што нема трошење на време и финансиски средства за да се оди до подрачната служба на Фондот. Можноста за увид во сопствениот предмет, дали истиот е позитивно или негативно решен и кога ќе биде извршена исплатата доколку се работи за рефундација на средства е исто така една од бројните придобивки од електронските услуги.

Би сакале во оваа прилика да ги охрабриме осигурениците и компаниите и здравствените работници да ги користат електронските услуги на Фондот.  За поедноставно и точно информирање кои се потребните чекори и како да се користи електронската услуга, Фондот изготви видео туторијали, кои се краток и едноставен водич како чекор по чекор за начинот како да се користат електронските услуги на Фондот, стои во соопштението на ФЗОМ.

 

Видео туторијалите се објавени на веб страницата на Фондот на следниов линк: http://www.fzo.org.mk/default.asp?ItemID=03745AB41443004A8EAB9A0105914B95

Или на линкот на Фондот на you tube:
https://www.youtube.com/channel/UCXc5Hr1czS6RKf8-4CDFRVA

Најчитани вести