Електронско „играње војна“ ги брише авионите од небото над Европа

За мистериозното привремено исчезнување на десетина авиони од радарите на екраните на контролата на летање во срцето на Европа се виновни електронските воени вежби, тврдат словачките власти, пренесоа медиумите.

Од контролнати служби кои ја следат безбедноста на авионскиот сообраќај во Австрија, Германија, Чешка и Словачка во периодот меѓу петти и десетти јуни привремено исчезнале околу 50 авиони.

За оваа недопустлива појава, Словачка ги обвинува воените маневри, кои во еден дел се вршат во електронскиот вид.

„Исчезнувањето на објекти од радарските екрани било поврзано со воените вежби кои се вршени во разни делови на Европа, а за цел имале прекинување на фреквенциите на радио комуникации“ се вели во соопштението на словачката служба за воздухопловен сообраќај.

airplane-wallpaper-19

„Оваа активност исто така предизвикала и привремено исчезнување на неколку цели на радарските екрани, иако авионите во меѓувреме биле во радио контакт со контролата на летање и нормално ги продолжиле летовите“, се вели во заклучокот дека ваков вид на вежби е сопрен набрзо откако силата која ги организирала била известена за последиците.

Словачка не наведува кој ги организирал спорните воени вежби, но австриските медиуми кажуваат на НАТО, кој според пишувањето на „Телеграф“ и австрискиот „Курир“ во тоа време користел уреди за попречување на непријателските радари, додека првите случаи на „исчезнување“ на авионите се поклопуваат со вежбата на водење на електронска војна организирана во Унгарија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.