Електронско јавно наддавање за закуп на државно земјоделско земјиште

Со измените на законот за земјоделското земјиште ќе се овозможи земјоделското земјиште во државна сопственост со површина од над 10 хектари да се дава под закуп за комерцијални цели и тоа по пат на електронско наддавање.

До крајот на годината се очекува да бидаат дадени под закуп 6 илјади хектери државно земјиште организирано во блокови во повеќе општини во Македонија.

-Ова земјоделско земјиште ќе биде формирано од поголем блок на парцели со прирордни геогравски граници, кои можат да бидат со различна катастерска класа при што почетната просечна цена би се определувала соглано просекот од тие парцели во тој блок со тие природни геогравски граници, истакна Ванчо Костадиновски, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Тој додаде дека почетниот износ на електронското наддавање е 25 евра за земјиште од прва до пета класа и 15 евра од пета до осма катастерска класа.

Според Костадиновски ефектите од воведувањето на електронската постапка при доделувањето на земјоделското земјиште под закуп е да ја подигне конкурентноста и транспарентност при објективното спроведување на постапката со што ќе се остави простор за постигнување на повисока цена за закупнина за земјиштето што се дава под закуп.

Земјоделското земјиште ќе се изнајмува во временски интервал од 15 до 30 години, а во зависност од тоа каква култура ќе се одгледува ќе може периодот на изнајмување и да се продолжи.

-Сите оние кои сакаат да аплицираат за добивање на земјоделско земјиште под закуп ќе можат да се обратат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од каде што ќе добијат корисничко има и шифра, посочи Костадиновски.

Јавното наддавње не може да трае пократко од 15 минути, а ќе може да се спроведе и ако на јавното наддавње земал учество само еден понудувач.

Прваните лица учесници на аукцијата покрај другите документи кои се потербни за докажување на бонитетот на фирмата треба да достават и бизнис план кој содржи податоци за целта за која ќе го користи земјиштето, технологијата која ќе ја применува, бројот на вработени, пазарни аспекти, очекувани производни-економски резултати. Банкарската гаранција траба да биде во висина на понудената годишна закупнина.