ЕЛЕМ: „Бошков Мост“ ќе се гради во согласност со најстрогите директиви

AД „Електрани на Македонија“  од  почетокот на реализацијата на проектот ХЕ Бошков Мост  најпрофесионално и во согласност со сите постојни меѓународни стандарди и политики на Европската Банка за обнова и развој(ЕБОР) презеде низа активности во насока на оценка на влијанието на овој енергетски објект врз животната средина, посочуваат од компанијата.

„За таа цел изработена е Студија за оценка на влијанието врз животната средина согласно строгите ЕУ директиви, а во изминативе две години се реализирани и подготвителни активности како дел од зацртаните обврски произлезени од Акцискиот план за заштита на животната средина и социјалните аспекти. Сите предвидени активности  се одвиваат со предвидена динамика во согласност со домашната регулатива и правилата на ЕБОР.  Во текот на 2012 и 2013 година завршен е едногодишен  еколошки мониторинг на територијата на идната електрана со кој се предвидени и усвоени дополнителни мерки за заштита и минимизирање на несаканите последици од проектот. Во согласност со препораките од  ЕБОР  и од Акцискиот план за заштита на животната средина и социјалните аспекти,  во моментов интензивно се изведуваат активности од страна на повеќе експертски тимови ангажирани од страна на АД ЕЛЕМ и тоа е во целост  усогласено со барањата на засегнатите страни  како што се невладини организации, локалното население, здруженија на граѓани и надлежните институции. АД ЕЛЕМ, во соработка со Европската банка за обнова и развој и надлежните институции во Република Македонија е силно посветена кон реализација на овој значаен проект во согласност со сите  директиви на ЕУ и правила на ЕБОР за заштита  на животната средина.  Компанијата   и понатаму останува транспарентна и отворена  во однос  на сите тековни и идни активности поврзани со проектот „Бошков Мост“, се вели во соопштението на ЕЛЕМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.