ЕЛЕМ: Ископот во РЕК Битола се одвива непрекинато

АД ЕЛЕМ информира дека се работи за рутински зафат на транспортерот, односно замена на механички делови, зафат кој нема да трае повеќе од три дена.

– Транспортерот очекуваме да биде целосно функционален во текот на утрешниот ден, најдоцна во среда наутро. Блокот 2 кој се најде во соопштението на Ковачевски е во ремонт согласно однапред утврдената динамика на работата на компанијата. Нагласуваме дека овие зафати нема да го нарушат процесот на производство на електрична енергија, се вели во реакцијата на АД ЕЛЕМ.

Оттаму информираат дека продолжуваат во целост од сопствено производство да обезбедува електрична енергија за тарифните потрошувачи на Република Македонија.

– Како потврда за успешното работење на компанијата, сакаме да информираме дека АД ЕЛЕМ нема долгови кон вработените и добавувачите, има депозит од преку 20 милиони евра во комерцијалните банки како и тековна ликвидност од преку 100 милиони денари. Сите развојни проекти на компанијата кои значат нејзина поголема додадена вредност се завршени или пред завршување, соопшти АД ЕЛЕМ.