Македонија

ЕЛЕМ: Превентивно исклучени хидроелектрани

ЕЛЕМ: Превентивно исклучени хидроелектрани

Интензивните врнежи од дожд што последното деноноќие ја зафатија Република Македонија, поволно влијаат врз водостојот во вештачките акумулации што се користат за производство на електрична енергија, соопштуваат од ЕЛЕМ. 

– Во нив има доволно простор да се прифатат и зголемените дотоци од претстојните врнежи кои се очекуваат во наредниот период. Сите постојни акумулации од кои АД ЕЛЕМ произведува електрична енергија имаат доволно простор за прием на нови количества кои се очекуваат и во текот на претсојната зима, се вели во соопштението.

Елем информира дека надлежните служби во команијата внимателно и во континуитет ја следат состојбата и го оптимизираат производството во согласност со временските услови и потребите на електроенергетскиот систем од електрична енергија, a во текот на вчерашниот ден превентивно се исклучени од производство ХЕ Козјак и ХЕ Света Петка со што е оневозможено дополнително растење на водостојот на реката Вардар во скопскиот регион.