четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 70

ЕЛЕМ се вклучи во расчистувањето на теренот во поплавените подрачја

поплави

Поврзани вести

АД Електрани на Македонија (АД ЕЛЕМ) се вклучи во акцијата за расчистување на последиците во скопскиот регион предизвикани од силното невреме што изминатиот викенд  го зафати Скопје и регионот.

Како што соопштуваат, над 110 доброволци – вработени во поголемиот дел од подружниците на Компанијата со соодветна опрема се испратени во погодените подрачја и се ставени на располагање на подрачните координативни тела. Во согласност со можностите, компанијата обезбеди еден камион, две помали теренски возила,  два дизел агрегата и две пумпи за собирање вода.

Во текот на вчерашниот ден и денеска АД ЕЛЕМ донираше над 20.000 литри пакувана вода, два тони конзервирана храна и два тони средства за хигиена, средства за дезинфекција и пелени.

Најчитани вести