ЕЛЕМ: Во РЕК „Битола“ исклучени два енергетски блока

Поради регистрирани технички отстапувања од номиналните параметри во работењето и проработување на заштитните системи, во текот на денешниот ден два енергетски блока на РЕК „Битола“ се исклучени од електро-енергетскиот сектор, инофмираат од АД ЕЛЕМ.

– По извршените проверки на постројките, во тек се операции за пуштање на двата енергетски блока во производство и се очекува во попладневните часови да бидат вклучени во електро-енергетскиот систем на државата. Едниот енергетски блок, кој заради неопходните активности за оптимизација на параметрите после извршена модернизација на котелот беше во планиран застој, во електроенергетскиот систем ќе биде вклучен во раните утрински часови, велат од АД ЕЛЕМ.

Останатите производни капацитети на АД ЕЛЕМ, нагласуваат, произведуваат согласно потребите на електро-енергетскиот систем на државата, па нема потреба од дополнителен увоз на електрична енергија за потребите на тарифните потрошувачи во земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.