Елена Ристеска се сели од Македонија?

По успешното учество на Елена Ристеска во шоуто „Твоето лице звучи познато“ се отвора прашањето околу селењето за Белград, пишува Вистина.мк.

Елена Ристеска шоуто „Твоето лице звучи познато“ го заврши како втора, што е исклучителен успех, особено затоа што шоуто беше регионално. Тоа треба да се искористи како помош околу посериозен пробив на пошироката балканска сцена, во што особено ќе и помогне и концертната турнеја со која учесниците на двете сезони на шоуто ќе настапат во поголемите градови во регионот.

Но, и покрај ангажманите во соседството Елена Ристеска не планира да се пресели во Белград за да биде поблиску до центарот на регионалните збиднувања, туку како база и понатаму ќе го има Скопје.

Таа, заедно со својот долгогодишен соработник Дарко Димитров моментално работи на нов материјал, а како чекор кон регионалната кариера ќе биде тоа што дел од песните ќе бидат на српски јазик. Текстовите на новите песни, како и обично, се дело на самата Елена, а новиот албум треба да се појави на крајот на годината.