Елена Ристевска подготвена за финалето на „Твоето лице звучи познато“

Финалето на шоуто „Твоето лице звучи познато“ е закажано за в недела,во 21 часот.

По последен пат во оваа сезона на гледачите ќе им се претстават Елена Ристеска, Ненад Окановиќ, Бане Мојичевиќ, Катарина Богичевиќ и Јелена Гавриловиќ.

Победникот ќе добие 25.000 евра кој ќе ги проследи во хуманитарни цели, а сите финалисти се согласни во тоа дека најважно е помошта да оди кај оние на кои им е најпотребна.

Познато е кои ѕвезди финалистите ќе ги имитираат во финалите.

Јелена Гавриловиќ ќе се најде во улогата на Мајли Сајрус и ќе ја изведе нумерата „Wrecking Ball“.

Ненад Окановиќ ќе го гледаме како го пее хитот од „Забрането пушење“ – „Жени нам се Вукота“.

Елена Ристеска ќе ја имитира Бијонсе со песната „End of time“.

Катарина Богичевиќ ќе стане принцеза и ќе ја отпее песната од бајката „Пепелашка“.

Бане Мојичевиќ ќе го имитира кралот на попот Мајкл Џексон и ќе ја изведе песната „Earth song“.

Во ревијалниот дел од емисијата ќе настапат и останатите натпреваручи од оваа сезона, како минатогодишните учесници.

tvoeto-lice-zvuci