Ели Голдинг се откажува од музиката

Британската пејачка Ели Голдинг објави дека раскинала со нејзиното момче Доги Појнтер и откри дека по нејзината светска турнеја ќе престане да се занимава со музика.

Таа вели дека ќе земе одмор од пишувањето текстови, снимањето и изведувањето музика по завршувањето на нејзината светска турнеја насловена „Делириум“ во октомври, пишува Дејли Експрес.

Ми треба време само за себе. Следната година морам да живеам малку. Којзнае? Мојата ситуација ќе се промени, вели таа.

Покрај ова таа рече дека раскинала со момчето и дека тоа многу ја погодило.

Одморот ќе ми дојде добро и за мене и за мојата глава. Не пишувам ништо ново. Не сум сигурна ниту кога ќе објавам нов албум, рече таа.

Освен Ели Голдинг, и британскиот музичар Лијам Галагер од познатиот бенд Оејзис најави дека ќе се пензионира од музиката.