Магазин

Елитна проституција: Српските мисици ги продаваат на Арапи за секс

Елитна проституција: Српските мисици ги продаваат на Арапи за секс

Повеќе од 400 Србинки нудат сексуални услуги само преку една веб страница и тоа по цена која за еден ден „службена придружба“ достигнува сума од 2.000 евра, пишува српски „Блиц“.

Весникот пишува дека за време на празниците се намалил и бројот на девојките. Од речиси 430 девојки бројот паднал на 380, но минатиот викенд повторно се искачил, кога на сајтот се појавиле и неколку нови имиња.

„Блиц“ успеал да дојде до еден од клиентите, чие име и идентитет остануваат анонимни, но како што наведува весникот за приказната постојат докази и фотографии.

– Имав тројца соработници. Странци. Тие три дојдоа во хотелот. Момците од рецепцијата веќе ги познаваа. И тогаш во собата започна „благо загревање“, разговор и пијалак. Но, „таксиметарот“ работи. И по 10 минути девојките се фрлија на работа. Момците добија „комплетен сервис“, а девојките по 130 евра за еден час, вели клиентот.

Тој со девојките е „во контакт“ неколку години, а со некои од нив навистина се здружил.

-Тие не работат само во Белград. Шетаат по светот, посебно во арапските земји. Сите се мошне убави, како за доделување Оскар и се мошне блиски со муштериите, вели тој.

Речиси сите девојки покрај сопствените имиња наведуваат и дека се независни, односно онемаат макро. Но, оние што се запознаени со тоа како целата работа велат дека тие воопшто не се независни затоа што постои цел тим што ја одржува веб страната и на кој им се дава дел од парите од услугите.

Дали навистина зад нив не стои никој или станува збор за моќна организација за проституција сеуште не е познато.

Српските безбедносни служби тврдат дека Србинките завршуваат како проститутки во богатите арапски земји, каде муштериите бараат девојки под слоганот, колку помлади, толку подобри. Во улога на макроа се јавуваат најпознатите лица на српската естрада, а се под маската на лажните избори за мис и манекенските работи.

Поголемиот дел од девојките за еден час бараат 120 евра, за четири часа 500, додека за 24 часа цената е од 1.200 до 2.000 евра.