Елизабета Димитрова: Потпишавме договор помеѓу Филозофски факултет и универзитетот Оксфорд

Професор доктор Елизабета Димитрова, еден од најпознатите византолози, призната во светски рамки и како научник и како професор, за Нетпрес открива дека почнува одлична соработка со Одделот за хуманистички науки на Оксфорд, а таа со нејзиното 26 годишно искуство, ќе биде првиот македонски визитинг професор во реномираниот британски универзитет.