„Ем башка, ем барабар“ – училишен проект против насилство и дискриминација

Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија денеска организира училишен проект против дискриминација и насилство, насловен „Ем башка, ем барабар“.

Проектот се реализира во соработка со основни училишта од две скопски општини – „Никола Вапцаров“ од Чаир и „Блаже Конески“ и „Ѓорѓија Пулески“ од Аеродром.

– Целта на проектот е истакнување на соживотот помеѓу најголемите етнички заедници во Македонија. Програмата ќе биде проследена со неколку македонски, албански и еврејски песни, драматизација, литературно читање и балетски настап, соопшти Меморијалниот центар.