Ем пијан, ем истепал полицаец

Пијан шеесетгодишник вчера во 17.50 часот ги вознемирувал минувачите. Кога полицаецот му побарал лични документи за да се идентификува, тој со тупаница го удрил по главата и му нанел расекотина.

МВР соопшти дека откако тој бил приведен, од направениот алкотест било констатирано дека има 2.98 промили алкохол во крвта.