Емануел Ебуе аупсен поради подметнат пожар

Поранешниот фудбалер на „Арсенал“, Емануел Ебуе, беше уапсен во саботата во Лондон, јавуваат тамошните медиуми.
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ги бранеше боите на „Арсенал“ од 2005 до 2011 година завршил во притвот поради сомневање дека подметнал пожар.

Полицијата истражува наводно подметнување на пожар на домашната адреса на Енфил и уапсила 35-годишен маж осомничен за делото, стои во соопштението на полицијата.

Ебуе е во притвор во полициска станица во Лондон.

Африканецот има одиграно 79 натпревари за својата репрезентација, но е надвор од професионалниот фудбал во изинативе две години. Освен за „Арсенал“ играл и за „Беверен“, „Галатасарај“ и „Сандерленд“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.