Еменике достапен за Челзи

Раководните лица на актуелниот шампион на Турција, тимот на Фенербахче, пред неколку дена оствариле контакт со сопственикот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Роман Абрамовиќ со цел да го информираат дека може да испрати официјална понуда за репрезентативецот на Нигерија, Емануел Еменике.

Англиските медиуми во изминатите неколку дена ја форсираа информацијата дека контроверзниот менаџер на лондонските “сини”, Жозе Мурињо сака во новата клупска сезона на располагање да ги има и услугите на брзоногиот напаѓач од редовите на Фенербахче.

Челниците на турскиот клуб веќе потврдија дека се подготвени да седнат на преговарачката маса, но само под еден услов, официјалната понуда за Еменике да не биде помала од 15 мил. фунти.