Спорт

Емери вечерва ќе има шанса да се израмни со Рамос

Емери вечерва ќе има шанса да се израмни со Рамос

Ако шпанска Севиља го совлада украински Дњипро во денешното финале во Лига Европа, ќе го освои вториот по вредност трофеј во клупскиот фудбал, и тоа четврти пат во последната деценија.

Четири трофеи во последните десет години успеале да освојат само великаните, Реал Мадрид и Ливерпул, а може да им се приклучи и Барселона, ако победи во претстојното финале во Лигата на шампионите против Јувентус на 6 јуни во Берлин.

До 2005 година андалузискиот клуб, кој еднаш бил првак на Шпанија, а пет пати го освоил кралскиот куп и еднаш шпанскиот Суперкуп, немаше ниту еден европски трофеј, но под палката на Хуанде Рамос, дојдоа до два трофеи во тогашниот Куп на УЕФА, а сега Унаи Емери може да се израмни со претходниот трофеен тренер, ако слави во Варшава.

Ова е седмо европско финале за Севиља, вклучувајќи ги и мечевите од европскиот Суперкуп, а денеска ќе го брка петтиот трофеј. По Ајндховен, Глазгов, Монако и Торино, во ланецот на среќни градови ќе се обиде да ја придодаде и Варшава.

СИТЕ ЕВРОПСКИ ФИНАЛИЊА НА СЕВИЉА

КУП НА УЕФА/ЛИГА ЕВРОПА

2005/06 – Севиља – Мидлзбро 4:0
2006/07 – Севиља – Еспањол 2:2 (5:3 на пенали)
2013/14 – Севиља – Бенфика 0:0 (4:2 на пенали)

СУПЕР-КУП НА ЕВРОПА
2006 – Севиља – Барселона 3:0
2007 – Милан – Севиља 3:1
2014 – Реал Мадрид – Севиља 2:0

Извор: Спортмедиа.мк