ТОП,Македонија

Емил Димитриев – привремен премиер за организирање на изборите

Емил Димитриев  – привремен премиер за организирање на изборите

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, ќе биде привремен премиер за организирање на изборите. Одлуката Димитриев да дојде на местото на Груевски е донесена на седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, и е едногласно избран од Централниот комитет на партијата.

Емил Димитриев дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на Институтот за Социологија, а  Постдипломски студии исто така завршил на Филозофскиот Факултет во Скопје на Институтот за Социологија.

Во 2011 година е избран за пратеник во Собранието на Македонија, а истата година повторно е предложен за заменик министер во Министерството за одбрана, функција што ја обавувувал од 2008 година.