Емил Павлов освои злaто на ЕП во Финска

Македонскиот каратист, Емил Павлов, го освои златниот медал на Европското првенство во Тампере ( Финска) во категорија до 60 килограми. Тој во финалната борба го совлада данскиот каратист Каспер Лидегард со 6:2 и оствари фантастичен успех за себе и за македонското карате. Членот на КК Штип го надмина успехот на Иво Цветковски, кој на шампионатот во 2007 година освои сребрен медал.

Емил Павлов на патот до финалниот меч ги совлада Един Муслиќ (БиХ) во првото коло, Јаник Фаес (Швајцарија) во второто коло, потоа во четвртфиналето беше подобар од Софијан Агудил (Франција), а во полуфиналната борба убедливо, со 5:0, славеше и против Холанѓанецот Џефри Беренс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.