Емили О’Рајли нов омбудсман на ЕУ

Европратениците на денешната пленарна сесија со големо мнозинство за нов омбудсман на ЕУ ја избраа Ирката Емили О’Рајли, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Мандатот на О’Рајли ќе трае за време на законодавниот мандат на Европскиот парламент, односно од 2014 до 2019 година. Таа беше единствен кандидат за оваа функција и доаѓа на местото на Никифорос Дијамандурос, кој заминува во пензија

Омбудсманот на ЕУ води истраги за случаите на лошо управување од страна на органите и институциите на Европската Унија. Жалбите до него можат да бидат поднесени и од европските граѓани, жителите на државите-членки, претпријатија и здруженија на граѓани, чии седишта се наоѓаат во ЕУ.

Во 2013 година, бирото на евроомудсманот доби 2.420 жалби, а 23.245 граѓани на ЕУ им била укажана помош во нивните постапки со совети или информации.