Еминем потекнува од лозата на познатиот крал Родерик Велики

Раперот Еминем е потомок на велшкиот крал Родерик Велики од 9-иот век, тврдат генеолозите, пренесува британски Сан.

Семејното стебло на познатиот рапер било следено 32 генерации наназад и довело до познатиот крал кој се прославил така што ја бранел својата земја од нападите на Саксонците и Викинзите.

eminem-roderik

Тој бил првиот велшки крал кој ја добил титулата „Велики“ која се однесува како на неговите територијални, така и на воените придобивки.

Четириесет и три годишниот рапер, чие име е Маршал Матерс е еден од најбогатите светски изведувачи, кој тежи околу 150 милиони долари. Се смета дека кралот Родерик Велики бил убиен за време на саксонската инвазија во 878 година.