Спорт

Емотивна изјава на Миркуловски: Утре го играм последниот натпревар за Македонија!

Емотивна изјава на Миркуловски: Утре го играм последниот натпревар за Македонија!
Емотивна изјава на Миркуловски: Утре го играм последниот натпревар за Македонија!
Големиот борец и долгогодишен член на најдобрата македонска ракометна репрезентација Филип Миркуловски објави дека утрешниот натпревар против Чешка и дефинитивно ќе биде негов последен во црвено-жолтиот дрес на Македонија.

Македонската селекција ќе има тешка задача во реванш дуелот против Чешка да ја анулира негативата од шест гола, а со тоа да го продолжи континуитетот на настапи на големите натпреварување, во случајот Светското првенство во Франција.

По неуспешниот втор обид на оваа селекција да заигра на Олимписките игри, Миркуловски, но и најави дека токму бараж двомочот со Чешка ќе биде последниот за него во репрезентативниот дрес на Македонија.

Тој на својот „Фејсбук’’ профил објави: „Драги мои фанови, почитувачи на македонскиот ракомет, би сакал со сите Вас да споделам дека во среда на 15 јуни го играм последниот натпревар за мојата земја. Изминативе 15 години кои ги посветив на македонскиот ракомет беа незаменливо искуство и гордост со кои ги бранев боите на мојата земја со секоја капка пот, со секој атом енергија, примен удар, шут, пораз, победа, радост, со многу љубов и заложба. Воедно огромна благодарност за сета подршка и љубов, пред се од моето семејство, како и за извонредната соработка со сите гарнитури на управата на РФМ. Се надевам дема ќе ме подржите во мојата одлука и дека во среда заедно ќе го проследиме мојот последен натпревар за кој ќе се заложам по добро да го запаметиме. Желба ми е на генерациите што доаѓаат да им оставам простор да покажат и допринесат за македонскиот ракомет за кој се надевам јас успеав да бидам добар пример. Со срце на терен! За Македонија’’.

Утрешниот дуел меѓу Македонија и Чешка ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски’’ со почеток од 20 часот.