четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 87

Емотивна листа на момче чија девојка се бори со анорексија: Зошто сакам Ема да оздрави

ema

Последни вести

Анорексична танчарка која вежбала секојдневно по 6 часа вели дека била спасена од своето момче со романтична листа на причини поради кои треба да живее.

Ема Стоукс од Хантингтон, Велика Британија драстично ги изгубила килограмите, од 58 килограми стигнала до 41 килограм, откако во 2013-та година починала нејзината баба.

ema1

25-годишната наставничка по танц станувала рано наутро е вежбала, а потоа уште 4 часа предавала. Згора на тоа, дневно консумирала помалку од 600 калории.

Нејзиниот партнер, 26-годишниот Крис Вејр, цели две години бил загрижен за нејзиното здравје – циклусите престанале, а на крајот морала и да се откаже од часовите, бидејќи постојано била заморена.

Бројни терапии не и помогнале, сè додека не добила емоционална порака од своето момче, во која тој и ги наведува сите причини зошто треба да живее и ја запросува.

На листата именувана како „Зошто сакам Ема да оздрави“ тој наведува 10 причини:

1. Сакам Ема да има можност да има деца – таа е фантастична професорка. Ќе биде одлична мајка!

2. Сакам да ја видам Ема како завршува уште еден маратон.

3. Сакам да ги освоиме трите врвови.

4. Сакам да оздрави за да може понатаму да им помага на другите.

5. Сакам да оздрави за да ги доведе до максимум нејзините вештини како професор по танцување.

6. Го сакам нејзиното стомаче назад.

7. Сакам да ја согледа нејзината вистинска убавина однатре и однадвор.

8. Сакам да биде среќна – сакам да живее, не само да постои.

9. Сакам да изгледа и да се чувствува одлично на нејзиниот свадбен ден!!

ema2

А, потоа, на другата страна ја наведува и 10-та причина: „Ќе се омажиш ли за мене?“

ema3

Оваа порака претставувала искра надеж не само за нејзиното момче, туку и за Ема, па нејзината состојба полека, но сигурно се подобрува.

„Сега, секогаш кога имам лоши мисли, размислувам за иднината. Мојот циклус не се врати, но сакам да имам деца и тоа ми дава надеж“.

ema4

Ема и Крис планираат да се венчаат во август.

Најчитани вести