Емре Кан се сели на Енфилд

Младинскиот репрезентативец на Германија и стандарден првотимец во дресот на Баер од Леверкузен, Емре Кан, најверојатно во новата клупска сезона ќе го носи дресот на англискиот премиерлигаш Ливерпул.

Од продажбата на 21-годишниот играч за врска, популарните “фармацевти” очекуваат заработувачка од најмалку 9 мил. евра.
Освен “црвените од “Енфилд”, интерес за малдинскиот репрезентативец на Германија покажаа и челниците на шпанскиот прволигаш Атлетико (М), но истите се подготвени да одвојат околу 7 мил. евра за 21-годишниот играч за врска.