вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 45

Енергетска фасада и нови бои на зградата на булевар „Климент Охридски“

Новата фасада овозможува многу подобри услови за живеење за станарите, кои сега ќе плаќаат за 30 % пониски сметки за електрична енергија.

Нова фасада (1)

Последни вести

Зградата број 13 на булевар „Климент Охридски“, изградена на значајна сообраќајница во 50-те години од минатиот век, со руинираниот изглед до пред неколку месеци го нагрдуваше изгледот на просторот.

Општина Центар ја реконструраше фасадата со површина од 2179 метри квадратни, а како и на сите досегашни реконструкции на зградите, поставена е енергетско ефикасна фасада околу целата зграда, а не само на предниот дел.

Задржан е автентичниот изглед, а боите беа избрани во договор со станарите.

Новата фасада овозможува многу подобри услови за живеење за станарите, кои сега ќе плаќаат за 30 % пониски сметки за електрична енергија.

Се работи за контактна фасада, изведена од стиропор со дебелина од 5cm и завршен слој од пластичен малтер. Зааменети се  и окапниците и олуците.

Ова е 11-та зграда по ред која ја реконструираше  општина Центар. Средствата за реконструкција и на оваа фасада се одвоени од буџетот на општината.

Најчитани вести