Енергетски договор меѓу Грција и Русија вреден пет милијарди евра

Грција во втроник планира да потпише енергетски договор со Русија, а во замена Москва ќе и исплати аванс на Атина во вредност од три до пет милијарди евра во рамки на проектот за изградба на дел од гасоводот „Турски Поток“ низ грчка територија, објави германскиот магазин „Шпигел“.

– Договорот ќе и овоможи на Грција да се справи со сложената состојба во која западна поради одолговлекувањето на преговорите со ЕУ за реструктуирање на нејзиниот државен долг, изјавил за „Шпигел“ неименуван претставник на грчката владејачка Коалиција на радикланата левица (Сириза).

Според наводите на весникот, средствата што ќе и ги исплати Русија на Грција ќе бидат авансен дел од идните приходи на Грција од транзитот на руски газ низ нејзина територија на патот кон средна Европа.

Грачкиот министер за енергетика Панајотис Лафазанис, која на 30 март во Москва имаше средби со неговиот руски колега Александар Новак и со директорот на „Газпром“, Алексеј Милер, пред три дена соопшти дека за следната недела е предвидено потпшување на договор меѓу Грција и Русија за изградба на гасовод низ грчка територија територијата, со кој „Турски Поток“ ќе се поврзе со средна Европа, потсетува ТАСС. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.