Енергетскиот сектор го поттикна растот на берзите

На повеќето европски берзи и на њујоршки Волстрит во средата берзанските индекси надоместија дел од загубите од претходниот трговски ден, во прв ред благодарејќи на растот на цените на акциите во енергетскиот сектор.

Франкфуртскиот DAX индекс зајакна за 0,75 отсто, на 12.214 поени, а парискиот CAC за 0,29 отсто, на 5.101 поен, додека лондонскиот FTSE индекс, пак, ослаби за 0,25 отсто на 7.354 индексни поени.

На Волстрит индексот Dow Jones зајакна за 0,25 отсто, на 21.807 поени, додека S&P 500 порасна за 0,31 процент, на 2.465 поени, а индексот Nasdaq скокна за 0,28 отсто, на 6.393 индексни поени.

Растот на индексите најмногу дојде благодарејќи на скокот на цените на акциите во енергетскиот сектро за просечно 1,6 отсто, поттикнат од силниот раст на цените на нафтата. Финансискиот сектор, пак, зајакна за 0,2 отсто, откако значително падна претходниот ден.

Со тоа делумно се надоместени загубити на индексите од претходниот ден, кога цените на акциите паднаа поради тензиите по нуклеарениот тест на Северна Кореја, но и приближувањето на ураганот Ирма на САД.

Позитивно на пазарот влијаеше и веста дека претседателот на САД, Доналд Трамп, е согласен рокот за зголемување на плафонот за здолжување на државата да се продолжи до половината на декември, што би можело да значи дека се надзира договор во Конгресот за финансирањето на државата.

Вложувачите ги охрабрија и макроекономските податоци кои покажуваат дека американската економија стабилно расте. Поради тоа напнатата ситуација околу Северна Кореја и ураганот Ирма, кои во вторникот ги притиснаа пазарите, паднаа во втoр план.