Енергичен, сексипилен и свеж парфем

the_key_2Третиот по ред парфем на поп пејачот Џастин Бибер, The Key, кој излезе во јули 2013-та година, е „посозреан“ во однос на претходниците Someday од 2011 и Girlfriend од 2012.

Официјалниот опис на овој парфем го красат епитетите како што се енергичен, сексипилен и свеж, а композицијата е најавена како ласкава цветно-овошна- мошусна. Се отвара со мирис на сочно овошје, а во срцето цвета проѕирен букет. Кремастата основа ја спојува сензуалниот мошус, егзотичните дрвја и тоновите на ванила.

Џастин го избра клучот како мотив за овој парфем поради неговата симболика со која се обидува да им порача на своите фанови секогаш да веруваат во нивните сништа.

Дизајнот на шишето е елегантен и едноставен. Шишето е обоено во бело со златна клучалка и клуч во центарот.