Енфилд е новиот дом на Лазар Марковиќ

Раководните лица на англискиот премиерлигаш Ливерпул веќе неколку дена разговараат со челниците на португалскиот гигант Бенфика, а тема на разговорот е српскиот интернационалец, Лазар Марковиќ.

Веданш откако седнале на преговарачката маса, челниците на Ливерпул биле информирани дека 20-годишниот репрезентативец на Србија може да добие зелено светло за преселба на “Енфилд”, но само под еден услов, доколку официјалната понуда за Марковиќ не биде помала од 25 мил. евра.

Раководните лица Ливерпул потврдиле дека ќе го исплатат побараното обештетување откако клубот ќе се ослободи од услугите на контроверзниот уругвајски интернационалец, Луис Суарез кој најверојатно, за 80 мил. евра ќе биде продаден на каталонскиот гигант Барселона.