Енолози од Македонија на Вински фестивал во Солун

Четириесетина енолози од повеќе македонски винарии, од кои најголемиот дел од Тиквешијата, како и неколкумина студенти по енологија од дисперзираните студии на универзитетот Гоце Делчев, ќе го посетат винскиот фестивал во Солун.

-Целта е дегустација на вината изложени на фестивалот, размена на искуства од областа на винарството со оглед на не баш најдобрата година за овој сектор поради лошите временски услови, како и остварување контакти за соработка и стекнување нови деловни пријателства, истакна Игно Тасев, претседател на Здружението на винари од Македонија.

Здруженито на винари е и организатор на посетата на традиционалниот фестивал на виното во Солун.