Енормно загадување во Тетово од депонијата, се докажа дека Југохром не е причината

Тетово не памети вака големо загадување во лето, затоа што во летниот период секогаш е намалено загадувањето, а се зголемува во зимскиот период.

View image on TwitterView image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter

Вака не дочекува утрово Тетово има луѓе се жалат на главоболка, некои на плуќа зависи кој што закачил, министре @makraduli реакција некоја

Југохром веќе со месеци е затворен, а околу 700 луѓе се испратени дома. Но, иако Југохром е затворен, загадувањето во Тетово е огромно поради постојаните пожари во депонијата.

Градоначалничката Теута Арифи, ДУИ и СДСМ веќе со години не го решаваат овој голем проблем за граѓаните на Тетово, иако соработуваат во Советот на општина Тетово.

Премиерот Зоран Заев, министерот за животна средина Садула Дураку и неговиот заменик Јани Макрадули се уште не можат да најдат решение ниту за дивата депонија во Тетово, ниту за депонијата во Струга.