Енрике: Атлетико е фаворит за титулата

Тренерот на Барселона Луис Енрике вели дека актуелниот шампион на Шпанија Атлетико Мадрид е прв фаворит за титулата во новата сезона.

„Атлетико е прв фаворит за титулата. Некои играчи заминаа, дојдоа некои нови, но јасно е дека концепцијата и идејата остануват исти“, изјави Енрике.

Минатата сезона Атлетико Мадрид ги победи Реал и Барса во трката за титулата, а играше и финале во Лигата на шампионите против градскиот ривал.