Енрике Иглесиас ги покани македонските фанови на концертот во Скопје (ВИДЕО)

Светската ѕвезда Енрике Иглесиас следната недела, на 20 јуни ќе одржи концерт во Скопје во рамките на светската турнеја „Sex and Love“ во која го промовира својот последен студиски албум.

-Задоволство ни е да ве информираме дека кралот на латино поп музиката Енрике Иглесиас лично ги покани македонските фанови преку неговата официјална Фејсбук страница (која има над 50 милиони фанови), на концертот кој ќе се одржи идниот понеделник, во ВИП Арената на СЦ „Борис Трајковски“ – соопшти организаторот „Авалон продукција“.

Енрике на македонската публика, меѓу другото, ќе ѝ се претстави со сите негови досегашни хитови, вклучувајќи ги последните и можеби најпопуларни „Bailando“, „El Perdon“, потоа, „Not In Love“, „Hero“, „Tonight“, „Bailamos“, „I Like It“… кои несомнено беа на челните позиции на разни топ листи во светот.
Видеото, од официјалната фејсбук страница на Енрике Иглесиас може да го погледнете тука.