Енрике ја откачи Селта и чека повик од Барса

Поранешниот репрезентативец на Шпанија, Луис Енрике и официјално потврди дека си заминува од функцијата, прв тренер на шпанскиот прволигаш Селта од Виго.

“Ова е многу тажен ден. Сега сум тренер на Селта, но ќе бидам тренер до крајот на последниот првенствен натпревар од актуелната сезона. Сакам и јавно да ги информирам клупските челници дека нема да бидам тренер на Селта но новата клупска сезона. Јас имам друг план, а челниците на Селта имаат доволно време да го пронајдат мојот наследник. Нема некоја посебна причина поради која си заминувам од Виго, но многу ми е тешко, мојата фамилија живее во Барселона и многу ми недостасуваат. Нема ништо ново кога е во прашање мојата иднина, а ако има нешто ново сигурно дека ќе ја информирам и фудбалската јавност”, изјави Енрике.

За шпанските медиуми, ваквата одлука на Енрике е само уште еден доказ дека малдиот тренер на стартот од летниот преоден рок и официјално ќе биде именуван за нов предводник на каталонскиот гигант Барселона.