Енрике се откажа од Маскерано, Алвеш, Санчез…..

Иако понимаа само неколку часа откако и официјално е именуван за нов тренер на каталонскиот гигант Барселона, Луис Енрике веќе ги информирал клупските челници дека во новата сезона нема да смета на шест фудбалери кои моментално се дел од првиот тим.

Поранешниот предводник на Рома и Селта од Виго, побарал од раководните лица под итно да најдат купец за Хавиер Маскерано, Алекс Сонг, Педро Родригез, Алексис Санчез, Кристијан Тељо и Дани Алвеш.

Маскерано е најблиску до кам-бек во редовите на Ливерпул, Педро важи за голема желба на Арсенал, а во истата насока најверојатно ќе се упати и Алекс Сонг. Алексис Санчез има понуда од Јувентус и Манчестер Јунајтед, Милан сака прво да го позајми Кристијан Тељо, а Дани Алвеш најверојатно ќе биде продаден на старо-новиот шампион на Франција, тимот на ПСЖ.