Енрике се врати на Ноу Камп, но како тренер на Барса

Поранешниот предводник на Рома и на Селта од Виго, Луис Енрике и официјално е именуван за нов тренер на каталонскиот гигант Барселона.

Миленикот на најверните фанови на Барселона веќе го потпиша понудениот 2-годишен договор, а на „Ноу Камп” пристигна по предлог на спортскиот директор на каталонскиот гигант, Андони Зубизарета.

„Бордот на директори на Барселона донесе одлука со која Луис Енрике се именува за нов тренер на сениорскиот тим. Одлуката е донесена по предлог на спортскиот директот на Барселона, Андони Зубизарета. Луис Енрике во следните неколку дена ќе го потпише понудениот 2-годишен договор и официјално ќе биде претставен на фудбалската јавност”, стоеше во официјалното соопштение.

Енрике осум сезони го носеше фудбалскиот дрес на Барса, а три сезони ја извршуваше функцијата прв тренер на вториот тим на каталонскиот гигант.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.