Спорт

Енрике седна во тренерското стлче на Ноу Камп

Енрике седна во тренерското стлче на Ноу Камп

Пред неколку минути, Луис Енрике и официјално е претставен како нов тренер на каталонскиот гигант Барселона. Поранешниот предводник на Рома и на Селта од Виго веднаш изјави дека неговиот тим во новата клупска сезона ќе игра напаѓачки, атрактивно и успешно и додаде дека сака да го извлече најдоброто од Лионел Меси и Неимар.

„Знам што значи Барселона, дека тоа е „повеќе од клуб“. Ова е за мене голема ден, ми е укажан огромна чест, да го предводам тимот, благодарност до претседателот и до Бордот на директори за довербата што ми ја укажа, а се надевам дека ќе возвратам со успешни резултати и пред се со напорна работа. Мојот стил на игра е напаѓачки, тоа е идентификацијата и на Барселона, сакаме да бидеме и атрактивни и успешни. Се надевам дека ќе го извлечам најдоброто од Лионел Меси, но и од Нејмар, Иниеста и посебно од младиот фудбалски потенцијал на клубот“, изјави Енрике.