Ентони остана во Њујорк, Гасол ги одбра “биковите”

Голем дел од играчите во НБА лига донесоа одлука каде ќе ја продолжат кариерата. По Леброн Џејмс кој одлучи да се врати во Кливленд, старо-нов клуб си најде и Кармело Ентони кој реши да остане во Њујорк, додека По Гасол кариерата ќе ја продолжи во Чикаго Булс.
Ентони (30) беше мета на Далас, Хјустон,Чикаго и Лос Анџелес Лејкерс, но на крајот реши да остане во Њујорк и да потпише петгодишен договор вреден 129 милиони долари.
Гасол си заминува од Лос Анџелес Лејкерс и негова следна дестинација е Чикаго Булс. Шпанецот ги одби двете понуди на „езерџиите“ вредни 23 и 29 милиони долари за две односно три години и одлучи да им се придружи на “биковите”.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.