Ентони Тејлор и неговите помошници ќе ја делат правдата на “Филип Втори”

Во петок на Националната арена “Филип Втори”, Македонија ќе го одигра својот квалификациски меч за пласман на Европското првенство против Белорусија.

Судии на овој натпревар ќе бидат англиски арбитри предводени од Ентони Тејлор, кој го судеше финалето од Лига Купот во Англија помеѓу Тотенхем и Челзи, одигран на “Вембли”.

Помошници ќе му бидат Мајкл Мулраки и Дарен Ингланд, додека четврти и петти судија се Ли Проберт и Џонатан Мос.