ЕП 2016: Во финале одат Франција и Португалија

Со победата над Германија од 2:0 во Марсеј Франција се избори за финалето со Португалија, што во недела ќе се одигра на стадионот „Стад де Франс“ во Париз.

И двата гола за домаќините на првенството на синоќешниот натпревар ги постигна Антоан Гризман и така стаса до шест голови во ЕП, каде е прогласен за најдобар стрелец.

Иако Германците имаа целосна надмоќ на натпреварот (дури во 68 отсто од натпреварот топката беше во нивни посед) сепак не успеаја тоа да го претворат во голови, а во вториот дел се до 75-тата минута од натпреварот немаа ниту удар кон голот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.